Правила за приватност и заштита на личните податоци


Со Правилата се уредуваат начинот на користење и правото на приватност, сигурност и заштита на дадените лични податоци.Правилата можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде видливо означена а корисниците известени.Прибирањето на личните податоци на нашата страничка е усогласено со прописите за заштита на личните податоци.

Прибирање на лични податоци

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример да Ве додадеме на нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Правила за малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. jupiter.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.

Информации за правилата за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите забелешка/коментар на горенаведените правила, испратете порака на: nvolastovica@yahoo.com

На ваше барање, во рок од 7 дена ќе бидете известени кои од вашите лични податоци се прибрани при посетата на nvolastovica@yahoo.com.

Промени во Правилата

Доколку има промени во Правилата, тие ќе бидат наведени овде, на почетната страна и/или на други соодветни места.

Заштита на вашата корисничка сметка

Вашата лозинка е клучот од вашата корисничка сметка. (Никому не ја откривајте.)

  • Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на измами и злоупотреби направени во ваше име и на ваша сметка.
  • Доколку лозинката ви е пробиена, веднаш променете ја со нова и известете нè. (Доколку корисничко име ви е исто со лозинка, многу лесно некој друг може да се најави во системот. За создавање моќна лозина, користете броеви, букви и посебни знаци.)

Давање на лични податоци на користење

Единствено врз основа на закон, вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Еве ги можните ситуации:

  • Дозвола побарана од овластена институција, врз основа на Закон;
  • Заштита на постоечка или потенцијална измама или неовластен пренос на пари;
  • Истрага за веќе случена измама;
  • Обврска за тајност и заштита на личните податоци;

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имаат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземаат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

„Колачиња“/Технологија на следење

Овој веб сајт може да употребува „колачиња“ (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. „Колачињата“ и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб сајтот и употреба на веб сајтот од страна на посетителите. „Колачињата“ исто така придонесуваат кон подобрување на веб сајтот и негово прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку „колачиња“.

Содржината на оваа платформа не секогаш ги одразува погледите или ставовите на мисијата на ОБСЕ во Скопје

КОНТАКТ

Адреса:

Бул: АСНОМ бр.60 Аеродром, Скопје Република Македонија


Телефон:

+389 78 442 794;

+389 75 280 299;

+389 78 450 406