Добредојдовте во Е центарот за поддршка на лица со попреченост и нивните семејства. Тука ја претвараме “ПОПРЕЧЕНОСТА ВО МОЖНОСТИ“

Предучилишни деца


Услуга за проценка на способност: Процесот на проценка вклучува одредување на индивидуалните способности и потреби на детето, за разлика од традиционалното тестирање кое го категоризира детето.

Услуга за рана интервенција: Оваа услуга вклучува виртуелна проценка и стимулација на психомоторниот развој на деца од 0 до 3 години со активно учество на родителите.

Проценка на развој

Стимулација на психо-моторен развој

Говорна терапија

Училишни деца


Е-поддршка на децата и наставниците во инклузивните училишта, преку развој на различни алтернативни форми на соработка (индивидуална и групна работа со деца во наставни и воннаставни активности со користење на платформа за далечинско учење).

Проценка на развојно-едукативно ниво

Индивидуална работа со училишни деца

Поддршка при адаптација во училиште

Поддршка за родители


Услугата за поддршка на родители е насочена кон зајакнување на родителските капацитети за поуспешно прифаќање на состојбата на детето, што е важен фактор за подобрување на интеракцијата родител-дете и развој на потенцијалите на детето.

Иницијална средба со дефектолог

Психолошко советување

Консултативна средба за препораки за работа во домашни услови

Обуки за млади и возрасни


Кариерниот развој преку виртуелни обуки ја чувствува и негува одговорноста и професионализмот во давањето на тренинзи за личен и професионален развој.

Нашите специјализирани консултанти и обучувачи даваат сигурност дека вештините и знаењето се релевантни и применливи во различни работни средини.

Кариерен развој на занаети (ракотворби)

Кариерен развој на занаети – градинар

Кариерен развој на помошник (пекар, готвач)

Поддршка на институции


Онлајн поддршка и обуки, семинари и работилници на разни институции чиј интерес се децата и младите вклучувајќи го:

  • раниот детски,
  • училишниот период и
  • периодот на професионално обучување.

Онлајн поддршка на градинки, центри за ран детски развој

Онлајн поддршка на училишта во процесот на инклузија

Онлајн поддршка на институции кои работат со млади и возрасни лица со посебни потреби

Заедно, создаваме свет каде луѓето со различни способности се целосно прифатени, почитувани и вклучени во сите аспекти на животот. Придружете ни се во „Претворање на попреченоста во можности“.

Содржината на оваа платформа не секогаш ги одразува погледите или ставовите на мисијата на ОБСЕ во Скопје

КОНТАКТ

Адреса:

Бул: АСНОМ бр.60 Аеродром, Скопје Република Македонија


Телефон:

+389 78 442 794;

+389 75 280 299;

+389 78 450 406