Обуки за млади


Кариерниот развој преку виртуелни обуки ја чувствува и негува одговорноста и професионализмот во давањето на тренинзи за личен и професионален развој.

Нашите специјализирани консултанти и обучувачи даваат сигурност дека вештините и знаењето се релевантни и применливи во различни работни средини.

 

Е-центарот ги нуди следните обуки за стекнување на знаење и вештини:

1. Изработувач на машинско плетени производи

Програмата за машинско плетење обезбедува стекнување на знаењевештини, и компетенции ,за примена на основните техники при изработка на машинско плетени производи од волна и други видови на предиво. Користење на машини и помошен алатки за плетење и одржување на истите.

2. Изработувач на рачно плетени производи

Програмата обезбедува можност за надоградување со нови идеи и креации, со помош на техниките за рачно плетење т.е.спој на модерното и традиционалното.

3. Изработувач на ткаени производи

Програмата Изработувач на ткаени производи обезбедува стекнување на знаење, вештини, и компетенции за изработка на производи од волна и други видови на предиво со примена на рачни разбои за ткаење, како и правилно користење на опремата и прибор на работното место.

4. Рачно везење

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на рачно везени производи, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

5. Шивач на основни модели

Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за изведување на конфекциски услуги, односно шиење на основни модели на постелнина, јастучници. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира сопствената работа, да комуницира со клиенти и соработници, да шие основен модел.

6. Градинар

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини за примена на основните техники при работа во градинарско производство на отворено и во заштитени простори, производство на расад, примена на стандарди и контрола на производството, правилна евиденција на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место.

7. Помошник готвач

Главната цел е учесниците да се стекнат со знаење, вештини за помошник готвач во угостителски објект. Програмата ги опфаќа сите помошни работи и техники на готвење. Оваа обука овозможува работно оспособување за Помошник готвач во угостителски објект и опфаќа стручно теоретски содржини и практичната обука.

8. Пекар помошник

Кандидатите после успешно завршената обука ќе се стекнат со знаења и вештини и ќе бидат оспособени да изработуваат едноставни типови на пецива и лебови. Кандидатот ќе се оспособи да подготвува едноставни теста за пецива, да прави филување на одредени пецива, да обликува форми на едноставни пецива, да прави едноставни форми на лебови од веќе подготвено тесто и да асистира во печење. Исто така кандидатите ќе се стекнат со основни познавања за складирање на суровини, пакување на готови производи, употреба на машини и апарати за изработка на пекарски производи.

Содржината на оваа платформа не секогаш ги одразува погледите или ставовите на мисијата на ОБСЕ во Скопје

КОНТАКТ

Адреса:

Бул: АСНОМ бр.60 Аеродром, Скопје Република Македонија


Телефон:

+389 78 442 794;

+389 75 280 299;

+389 78 450 406