Општи услови


Општи услови

Добре дојдовте на jupiter.mk. Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно. jupiter.mk е е-центар за поддршка на лица со попреченост и нивните семејства.


Заштита на лични податоци

Заштитата на вашите лични податоци подетално е опишана во делот Заштита на лични податоци


Електронска комуникација

Со вашата посета на jupiter.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-порака и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб сајтот. Преносот на податоците се врши на серверот на jupiter.mk.

Вашето корисничко име и лозинка

Со најавување на нашиот систем, jupiter.mk, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја преземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име. Mалолетни лица под 18 годишна возраст немаат право на услугите без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на jupiter.mk единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.

Употреба на лични податоци

Примарна цел при прибирање на личните информации е да ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Согласни сте дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:

  • Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате;
  • Решавање на спорови или решавање на проблеми;
  • Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности;
  • Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб сајтот;
  • Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.

Цени

Сите цени на сајтот се изразени во денари. Истите се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.

Авторски права

Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на jupiter.mk и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон.

Ограничување од одговорност

jupiter.mk ги презема сите расположливи мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб сајтот. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и вие би биле засегнати. Вие се согласувате да го употребувате нашиот веб сајт на сопствен ризик.

Законски одредби

Со посетата на jupiter.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

Политики и измени

Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб сајтот. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб сајтот. jupiter.mk го задржува правото да прави промени на веб сајтот, политиките и општите одредби во кое било време.

Содржината на оваа платформа не секогаш ги одразува погледите или ставовите на мисијата на ОБСЕ во Скопје

КОНТАКТ

Адреса:

Бул: АСНОМ бр.60 Аеродром, Скопје Република Македонија


Телефон:

+389 78 442 794;

+389 75 280 299;

+389 78 450 406