Училишни деца
Услуги за поддршка на деца во инклузивно училиште
Овие услуги обезбедуваат Е-поддршка на децата и наставниците во инклузивните училишта, преку развој на различни алтернативни форми на соработка (индивидуална и групна работа со деца во наставни и воннаставни активности со користење на платформа за далечинско учење.)
- поддршка на наставникот во процесот на планирање, спроведување и оценување на наставниот процес;
- соработка и советување на родителите, идентификување на потребите и утврдување на видот и степен на потребната поддршка;
- стимулација на развојот;
- водење и следење на детето низ воспитно- образовниот процес.
- споделување на информации со, наставниците и стручните соработници за
- специфичните карактеристики на децата со попреченост,
- помош во изработка на индивидуални образовни планови,
- помош во изработка на модифицирани програми
- поддршка при избор на соодветни методи, форми на работа, специфични наставни средства, учебници, технички помагала.
- поддршка на наставнииот кадар за спецификите на работата со семејствата на инклузираните учениците
- поврзување на родителите и наставниот кадар со надворешните релевантни стручни лица и институции
- едукација за зголемување на компетенциите на наставниот кадар за работа во инклузивно училиште.