За нас
Асоцијацијата за права на деца и млади со посебни потреби „Ластовица“ во период од август до ноември 2020 година, го реализираше проектот „Виртуелен Е-центар за поддршка на лица со попреченост и нивните семејства“. Целта на виртуелниот Е-центар е да овозможи користење на услуги од далечина кои ги нуди нашата асоцијација во услови на Пандемијата предизвикана од КОВИД 19.
Е-центарот нуди,
- Поддршка на деца со попреченост од предучилишна и училишна возраст преку обезбедување на стручна проценка на развојно ниво, индивидуален план за ран третман и поддршка на когнитивен, моторен, сензорен, говорно-јазичен и социо-емоционален развој.
- Поддршка на млади и возрасни лица со попреченост преку онлајн обуки за професионално ориентирање и оспособување за активно вклучување на пазарот на трудот.
- Поддршка на семејства на лица со попреченост преку онлајн сесии со стручни лица.
- Соработка и взаемна поддршка со институции во градење на капацитети за социјална инклузија: градинки, центри за ран детски развој, училишта, дневни центри за рехабилитација и професионално оспособување, заштитни друштва и компании.
Проектот е финасиски поддржан од Мисијата на OБСЕ во Скопје, како дел од Вонредниот повик за предлози: Фонд за одговор на Ковид-19.