Поддршка на деца од предучилишна возраст


Услуга за проценка на способност

Процесот на проценка вклучува одредување на индивидуалните способности и потреби на детето, за разлика од традиционалното тестирање кое го категоризира детето. Проценката не се фокусира на она што детето не може да го направи, туку се фокусира на неговите јаки страни и способности. Со проценката, обезбедуваме податоци од различни извори кои вклучуваат елементи од сите области на развој на детето (адаптација, реакции кон луѓето и околината, социјална компетентност, моторен когнитивен, говорно-јазичен развојоднос помеѓу детето и околината, мотивација, решавање на проблеми и сл.).

Проценката е неопходна како водич за родителите и професионалците вклучени во грижата  на децата со цел соодветно да се планираат и спроведуваат активности, да се постават цели односно да се создаде основа за креирање на индивидуален план за рана интервенција за поддршка на деца од предучилишна и училишна возраст.


Услуга за рана интервенција

Оваа услуга вклучува виртуелна проценка и стимулација на психомоторниот развој на деца од 0 до 3 години со активно учество на родителите. Услугата вклучува:

– разгледување на потребите и можностите на децата преку поплнување на електронски прашалник од страна на родителите;

– изработка на стимулативни развојни програми;

– рана стимулација на психомоторен развој на деца;

– континуирано следење на напредокот на децата;

– советодавна работа со родители на деца;

– психолошка поддршка на семејствата.

Содржината на оваа платформа не секогаш ги одразува погледите или ставовите на мисијата на ОБСЕ во Скопје

КОНТАКТ

Адреса:

Бул: АСНОМ бр.60 Аеродром, Скопје Република Македонија


Телефон:

+389 78 442 794;

+389 75 280 299;

+389 78 450 406