Поддршка за родители
Услугата за поддршка на родители е насочена кон зајакнување на родителските капацитети за поуспешно прифаќање на состојбата на детето, што е важен фактор за подобрување на интеракцијата родител-дете и развој на потенцијалите на детето.
Стратегиите за виртуелна поддршка на родителите вклучуваат:
- обезбедување емоционална и социјална поддршка на семејството,
- поттикнување на самодоверба и зголемување на личната ефикасност,
- помош во преиспитување на животната состојба и присутни проблеми,
- овозможување развој на општа стратегија за справување со проблеми,
- овозможување изнаоѓање на сопствени системи за поддршка,
- помагање при донесување одлуки во најдобар интерес на детето.